• петок, 05 декември 2025

Трамп: Русија и Кина вршат нуклеарни проби, но не зборуваат за тоа

Трамп: Русија и Кина вршат нуклеарни проби, но не зборуваат за тоа

Вашингтон, 3 ноември 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Си-ен-ен изјави дека Русија и Кина вршат нуклеарни проби, но не зборуваат за тоа.

Тој повторно најави дека и САД ќе вршат нуклеарни проби.

- Ќе тестираме затоа што и други тестираат. Северна Кореја тестира. Пакистан тестира. Знаете, колку и да се (нуклеарно) моќни, светот е голем. Не мора да знаете каде вршат проби, Тие тестираат под земја, на големи длабочини, каде што луѓето не знаат што се случува. Чувствувате мали вибрации. Тие тестираат, а ние не. Мораме, посочи Трамп. ми/

фото:

Остани поврзан