• четврток, 26 март 2026

Трамп рече дека кинескиот претседател го поканил во Пекинг и дека двајцата веројатно ќе се сретнат „во не толку далечна иднина“

Трамп рече дека кинескиот претседател го поканил во Пекинг и дека двајцата веројатно ќе се сретнат „во не толку далечна иднина“

Вашингтон, 22 јули 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро би можел да ја посети Кина на историска средба.

„Претседателот Си ме покани да ја посетам Кина и тоа веројатно ќе биде во не толку далечна иднина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа.

„Малку е далеку, но не премногу далеку. Ме поканија многу луѓе и многу наскоро ќе донесеме одлука за тоа“, додаде тој.

Соработници на Трамп и Си разговараа за потенцијална средба меѓу двајцата лидери за време на патувањето на американскиот претседател во Азија подоцна оваа година, јавија претходно американски медиуми, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. зш/

Остани поврзан