Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
- „Венецуела се согласи да ги прими, назад во нивната земја, сите венецуелски илегални вонземјани кои биле во САД, вклучително и членовите на бандата на Трен де Арагва“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.
Вашингтон, 1 февруари 2025 (МИА) - Претседателот Доналд Трамп изјави дека Венецуела се согласила да прифати илегални мигранти депортирани од САД, вклучително и членови на банди.
„Венецуела се согласи да ги прими, назад во нивната земја, сите венецуелски илегални вонземјани кои биле во САД, вклучително и членовите на бандата на Трен де Арагва“, објави Трамп на својата платформа Truth Social. зш/
фото ЕПА