• недела, 22 декември 2024

Трамп пристигна во суд за да се соочи со обвиненијата за изборен заговор во 2020 година

Трамп пристигна во суд за да се соочи со обвиненијата за изборен заговор во 2020 година

Вашингтон, 3 август 2023 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во федералниот суд во главниот град на САД денеска каде ќе се соочи со обвиненијата за криминален заговор со кој сакал да го измами американскиот народ со поништување на изборите во 2020 година.

Се очекува Трамп, фаворитот за претседателска номинација на републиканците во 2024 година, да се изјасни за невин, јавија американските медиуми.

Според обвинението Трамп се соочува со четири точки, вклучувајќи заговор за измама на државата, влијание врз сведок и заговор против граѓанските права. И покрај ова, Трамп во моментов води во анкетите за републикански кандидат на изборите следната година.

Републиканците во Конгресот застанаа зад поранешниот претседател, тврдејќи дека најновиот процес покажува дека САД станале „банана република“ и повторувајќи ги неговите тврдења дека се работи за мешање на државата во изборите.

Против Трамп, кој беше 45 американски претседател, веќе се водат два процеса. Во најновиот случај се соочува со азтворск аказзна од 35 години.  зш/
фото ЕПА

Остани поврзан