• недела, 22 декември 2024

Трамп потпиша указ за реформи во полицијата

Трамп потпиша указ за реформи во полицијата
Вашингтон, 16 јуни 2020 (МИА) - Соочен со критики дека неговата политика и реторика ги поттикнуваат расните поделби во САД, американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ со цел подобрување на полициското однесување и нагласи дека „Американците сакаат закон и ред“. По неколку недели протести против расизмот и полициската бруталност предизвикана од смртта на Џорџ Флојд, црнец убиен на 25 мај за време на полициско апсење во Минеаполис, Трамп понуди промена на политиката како одговор на зголемената загриженост за расната неправда пред изборите на 3 ноември за втор мандат. - Американците сакаат закон и ред, тие бараат закон и ред, рече Трамп при потпишувањето на уредбата пред Белата куќа. Републиканскиот претседател изрази сочувство до семејствата на жртвите од неодамнешното полициско насилство и им вети правда. Тој подоцна на Твитер повика на пресметка со демонстрантите истакнувајќи го насилниот и милитаризиран одговор на уличните немири предизвикани од Флојд и смртта на другите жртви. Регулативата ги охрабрува полициските администрации да воведат најнови стандарди за употреба на сила, да го подобрат споделувањето на информациите за да не ангажираат полицајци со лоши референци и оние чии потекла не се познати, и да ги ангажираат социјалните работници во ненасилни случаи со зависници од наркотици и бездомници. Трамп денеска повтори дека се спротивставува на повиците за намалување на средствата во полицијата или за распуштање на некои полициски управи. Тие иницијативи беа поддржани од водечките демократи, вклучувајќи го и кандидатот за претседател Џо Бајден, додека наидоа на жестоко спротиставување кај републиканците. Претставничкиот дом во кој мнозинство се демократите треба да гласа подоцна подоцна овој месец за серија закони предложени од црните пратеници со цел спречување полициска бруталност. Републиканските сенатори се очекува да ги презентираат своите законодавни предлози в среда, кои се повеќе насочени кон прибирање податоци отколку за промена на правилата за употреба на смртоносна сила. зш/

Остани поврзан