Трамп потпиша извршни наредби за царини за челик и алуминиум
- „Денеска ги поедноставувам нашите царини за челик и алуминиум“, рече Трамп во Овалната соба додека ги потпишуваше извршните наредби. „Тоа е 25 проценти без исклучоци“.

Вашингтон, 10 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го исполни ветувањето дека ќе воведе царини од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум, засилувајќи ја долго ветената трговска војна и покрај предупредувањата од Европа и Кина.
„Денеска ги поедноставувам нашите царини за челик и алуминиум“, рече Трамп во Овалната соба додека ги потпишуваше извршните наредби.
„Тоа е 25 проценти без исклучоци“.
Трамп, исто така, сигнализираше дека ќе разгледа воведување дополнителни тарифи за автомобили, лекови и компјутерски чипови. зш/
фото ЕПА