• четврток, 26 март 2026

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Вашингтон, 31 октомври 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

- Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали.

Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор.

Нема да кажам. Знам очно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го прават тоа, па ако можат тие, можеме и ние, посочи Трамп. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан