• среда, 15 мај 2024

Трамп: Малку е веројатно дека ДеСантис ќе биде дел од мојата администрација

Трамп: Малку е веројатно дека ДеСантис ќе биде дел од мојата администрација

Вашингтон, 22 јануари 2024 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е „малку веројатно“ гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, да има некаква улога во неговата администрација доколку биде избран за претседател на САД во ноември годинава. 

-Тоа е малку веројатно, но морам да бидам искрен, се е можно. Иако, мислам дека е малку веројатно, изјави Трамп за Фокс њуз.

Тој додаде дека има „многу одлични луѓе“ во неговиот тим кои биле со него „од самиот почеток“, истакнувајќи дека ја цени поддршката на ДеСантис за него откако тој се повлече од трката. 

Зборувајќи за противничката и поранешна гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, Трамп кажа дека е лут на неа. 

-Таа работеше за мене две и пол години. Беше добра, не одлична. Кога замина, им кажа на сите дека никогаш нема да се кандидира против претседателот, изјави Трамп. 

Во Њу Хемпшир утре ќе се одржат внатрепартиски избори каде Трамп има голема предност пред Хејли. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан