• петок, 16 мај 2025

Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор

Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор

Вашингтон, 30 април 2025 (МИА) - Канадскиот премиер Марк Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп рече дека му честитал на Карни за победата на предвремените избори во Канада.

„Карни ми се јави вчера и ми рече дека сака да склучиме договор“, им рече Трамп на новинарите.

Американскиот претседател додаде дека канадските избори испратија „многу противречна порака, бидејќи резултатите се речиси изедначени, а ситуацијата во Канада е многу комплицирана. „Тоа беше прилично тесна трка“, додаде Трамп. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан