• понеделник, 09 март 2026

Трамп и Стармер разговараа зa ситуацијата на Блискиот Исток

Трамп и Стармер разговараа зa ситуацијата на Блискиот Исток

Лондон, 8 март 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер денеска телефонски разговараа ситуацијата на Блискиот Исток и за воената соработка меѓу двете земји, по најновите критика на американскиот претседател за поддршката на Велика Британија во конфликтот со Иран, јави ДПА.

Одлуката на Стармер да не даде дозвола за првиот бран воени напади врз Иран предизвика низа критики од Трамп во последните денови, вклучително и личен напад врз премиерот дека „тој не е како Винстон Черчил“.

Стармер сега даде дозвола за „одбранбени“ акции на САД против иранските ракетни локации од британските бази.

По извештаите дека Велика Британија планира да испрати носач на авиони на Блискиот Исток, Трамп објави дека Лондон „конечно размислува“ за испраќање, но со забалешка дека „тоа веќе не е потребно“.

- Но, ќе се сетиме. Не ни требаат луѓе што се приклучуваат на војни откако веќе сме победиле, забележа Трамп

Стармер се обиде да го минимизира јазот со САД, велејќи претходно оваа недела дека двете земји разменуваат разузнавачки информации и работат заедно во услови на конфликтот на Блискиот Исток. Одговори на критиките велејќи дека на Обединетото Кралство му треба сериозност, а не политички игри.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука да не им дозволи на САД да ги користат британските бази во првиот напад врз режимот во Техеран, сугерирајќи дека можеби бил незаконски.

Стармер, сепак, се согласи да им дозволи на САД да ги користат бзите на РАФ Ферфорд во Глостершир и Диего Гарсија, остров во Индискиот Океан.

Овој викенд четири американски бомбардери слетаа во Ферфорд, а САД почнаа да ги користат британските бази за „специфични одбранбени операции“.са/

Фото: ДПА

 

Остани поврзан