• вторник, 19 ноември 2024

Трамп и Болсонаро разговараа за истражувањата за хидроксихлорокин

Трамп и Болсонаро разговараа за истражувањата за хидроксихлорокин
Вашингтон, 2 јуни 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро разговараа за заедничка истражувачка работа за употреба на лекот против маларија хидроксихлорокин како профилакса и за лекување на коронавирусот, соопшти денеска Белата куќа. Трамп и Болсонаро изразија взаемно почитување во врска со долгорочната соработка меѓу двете држави за здравствени проблеми, се истакнува во соопштението. Двајцата претседатели разговараа и за испорака на два милиони дози на лекот од САД во Бразил и за заеднички напори за истражување за да се помогне понатамошната проценка на безбедноста и ефикасноста на хидроксихлорокинот и за профилакса и за лекување на коронавирусот во рана фаза. јт/

Остани поврзан