• четврток, 26 март 2026

Трамп: Иднината е наша

Трамп: Иднината е наша

Вашингтон, 20 јануари 2025 (МИА) – Американскиот народ го кажа своето, рече новиот американски претседател Доналд Трамп на крајот од својот инаугуративен говор.

- Стојам пред вас како доказ дека никогаш не треба да верувате дека нешто е невозможно да се направи. Во Америка, тоа што го правиме најдобро е да го правиме невозможното, рече Трамп.

Тој заклучи дека Америка нема да биде освоена или заплашена.

- Нема да пропаднеме. Од овој ден, Соединетите Американски Држави ќе бидат слободна, суверена и независна нација, вели тој.

- Иднината е наша, а нашето златно доба само што почна, истакна Трамп на крајот од својот говор.

Остани поврзан