• среда, 15 мај 2024

Трамп денеска ќе го објави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток

Трамп денеска ќе го објави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток
Вашингтон, 28 јануари 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека денеска напладне ќе го објави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток. За време на вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа американскиот претседател рече дека „на Палестинците би требало да им се допадне планот“ и смета дека тој е добар за нив. Трамп исто така треба да се состане и со ривалот на Нетанјаху, лидерот на партијата Сино и бели Бени Ганц. Белата куќа се надева дека доколку планот добие поддршка и од Нетанјаху и од Ганц, Трамп ќе помогне да се постигне одреден напредок. Планот на Трамп се вели дека е резултат на тригодишни напори на неговите советници, Џаред Кушнер и Ави Беркович, како и Џејсон Гринблат. Предлогот е напишан на повеќе од 50 страници и има за цел да го реши најтешкиот проблем на Блискиот Исток. јт/

Остани поврзан