Трамп во посета на воената база Форт Браг за одбележување 250 години од Армијата на САД
- На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Пит Хегсет, министерот за копнените сили Дан Дрискол, војници, ветерани и нивните семејства.

Вашингтон, 10 јуни 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја посети воената база „Форт Браг“ заради одбележување 250 години од основањето на Копнените сили на САД. Според Белата куќа, планирано е таму да одржи говор.
Посетата доаѓа во време кога тој распоредува вооружени сили за справување со протестите во Лос Анџелес против неговата имиграциска политика и масовните депортации на илегални мигранти.
Форт Браг, лоцирана во близина на Фајетвил, Северна Каролина, е седиште на Командата за специјални операции на Копнените сили на САД и дом на високо обучени единици, како „Зелените баретки“ и Ренџерите. На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Пит Хегсет, министерот за копнените сили Дан Дрискол, војници, ветерани и нивните семејства.
Трамп ја користи годишнината за да организира воена парад во Вашингтон во сабота, што се совпаќа со неговиот роденден, кога ќе наполни 79 години.
„Форт Браг“ предизвикува контроверзии во вооружените сили, бидејќи базата е именувана по генерал од Конфедерацијата за време на Граѓанската војна, а пред две години беше преименуван во Форт Либерти („Слобода“). Хегсет го врати името Браг, тврдејќи дека тоа е во чест на падобранските единици од Втората светска војна. ссм/
фото: архива