Трамп вечерва ќе ја напушти болницата „Волтер рид“
- Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека ќе ја напушти болницата „Волтер рид“ околу 18.30 по локално време.

Вашингтон, 5 октомври 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека ќе ја напушти болницата „Волтер рид“ околу 18.30 по локално време.
„Ќе го напуштам одличниот медицински центар „Волтер Рид“ денеска во 18:30 часот. Се чувствувам навистина добро! Не плашете се од Ковид. Не дозволувајте тоа да доминира во вашиот живот. Под администрацијата на Трамп, развивме неколку навистина одлични лекови и знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години!“,објави американскиот претседател на Твитер. паг/