• четврток, 26 март 2026

Трамп вели дека сака Кина да „помогне“ во односите со Русија

Трамп вели дека сака Кина да „помогне“ во односите со Русија

Вашингтон, 25 октомври 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Кина да му помогне на Вашингтон во односите со Русија.

„Би сакал Кина да ни помогне со Русија“, рече тој во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. „Би сакал да видам како Кина ни помага“.

Трамп додаде дека ќе размисли за намалување на царините за Бразил под соодветни околности.

Американскиот претседател ги даде изјавите на пат кон Малезија, каде што се очекува да присуствува на регионален самит. зш/

Остани поврзан