• четврток, 26 март 2026

Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран

Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран

Вашингтон, 28 мај 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не наредува напад врз Иран, нагласувајќи дека тоа нема да биде „соодветно“ за време на разговорите за нуклеарниот договор со Техеран.

„Па, би сакал да бидам искрен, да, го направив тоа“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали му рекол на Нетанјаху во телефонски разговор минатата недела да не презема воена акција.
„Реков дека не мислам дека е соодветно во моментов“.

Трамп додаде дека „имаме многу добри разговори со Иран“. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан