Традиционална клубска изложба „Мајски салон 2025” во Куманово
- Изложбата „Мајски салон 2025” која е и традиционална клубска изложба на кумановскиот Фото кино клуб “Козјак” ќе биде официјално отворена вечер во Занаетчиски Дом – Куманово со почеток во 19:30 часот. На поставката ќе бидат изложени 35 фотографии.
Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Изложбата „Мајски салон 2025” која е и традиционална клубска изложба на кумановскиот Фото кино клуб “Козјак” ќе биде официјално отворена вечер во Занаетчиски Дом – Куманово со почеток во 19:30 часот. На поставката ќе бидат изложени 35 фотографии.
Според фотографите, фотографијата зборува илјада зборови. Фотографија е цртање со светлина и претаставува индивидуален начин на интерпретација на реалноста од страна на оној кој е зад објективот. Начинот на работа и погледот низ објективот се исти, но секогаш различни, а во корен на се е љубовта и посветеноста кон неа.
-Квалитетот на едно уметничко дело се одредува според количина на чулна стимулација што ја предизвикува. Уметничка фотографија е дело што мора да предизвика одредени чувства кај гледачите. Фотографијата може да го направи секој момент вечен. Една ваква уметничка презентација на светот гледан низ објектив, претставува и овогодинешната клубска изложба на Фото Кино Клубот „Козјак”- Куманово позната како „Мајски салон 2025”. Публиката ќе има можност да види најразлични фотографии, моменти од реалноста, емоции, многу мигови зграпчени и ставени во рамка. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која и пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК „Козјак”, наведуваат организаторите.
Покровители на изложбата се Општина Куманово, Фондација за култура и спорт - Куманово, долгогодишните покровители К-Нет и е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.
По отворање на изложбата „Мајски салон 2025“ од ФКК„Козјак“ го најавуваат нивниот традиционален фестивал на краток филм, „Филмај 2025“ чие 7-мо издание ќе следи на 28 и 29 мај. вг/лв/
Фото: ФКККозјак