Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје
- По седумнаесетти пат, утре ќе се организира традиционалната „Бела ноќ“, каде граѓаните ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации низ Скопје.
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - По седумнаесетти пат, утре ќе се организира традиционалната „Бела ноќ“, каде граѓаните ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации низ Скопје.
Како што најавуваат организаторите, многубројните уметници кои ќе се претстават на граѓаните со концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси, ќе го претворат Скопје во центар на културните случувања во државата.
Поради состојбата со пандемијата со Ковид-19, „Бела ноќ“ како и минатата, така и оваа година ќе се одржува една недела порано од предвиденото.
Официјалната програма ќе започне утре во 19 часот и ќе трае сѐ до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.
Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.
Повеќе детали околу програмата има на следниот линк.бт/дма/