• вторник, 05 ноември 2024

Традиционален планинарски марш до Водно

Традиционален планинарски марш до Водно

Скопје, 11 мај 2024 (МИА) - По повод Европскиот ден на знамето, Европско движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно.

Маршот, ќе почне во 09:00 часот пред седиштето на ЕУ, каде ќе се изврши размена на македонското и европското знаме.

-Знамињата ќе ги разменат шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и претседателката на Европско движење, Милева Ѓуровска, коишто ќе имаат свое обраќање. Маршот ќе започне од пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во правец на врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња, велат од Европското движење.

Традиционалниот планинарски марш, додаваат оттаму, освен церемонијалниот карактер, е и во насока на афирмација на спортските и планинарските активности. сст/аа/

фото МИА архива

Остани поврзан