Тошковски: Исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР
- Денеска (01.08.2024) е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР, објави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на неговиот фејсбук профил.
Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Денеска (01.08.2024) е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР, објави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил.
- Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари. Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година, напиша министерот Тошковски. цр/ац/
Фото: Фејсбук профил на министерот Панче Тошковски