Тошковски: Државата ги унапредува капацитетите за справување со кризи, показна вежба на Водно за спасување од жичница
- На жичницата „Милениумски крст“ на Водно денеска се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица - Тигар на Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - На жичницата „Милениумски крст“ на Водно денеска се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица - Тигар на Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, според сценариото, жичницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците останати во кабините.

- Преку ваквите вежби се стремиме да ги подобриме капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани, како и да се зајакне меѓусебната координација, во насока на поголема заштита и безбедност на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. мд/дма/
Фото и видео: МВР