Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
- Девет човечки животи се спасени во тест периодот на „Безбеден град“, споредено со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче.
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“ во споредба со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје - истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче.
На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот нагласувајќи дека од иплементацијата на проектот заслуга на македонските граѓани било токму спасените девет човечки животи.
- Во тест-периодот имаме две сообреќајни незгоди со смртни случаи, односно два смртни случаја. Девет помалку, компаративно со минатата година. Само во тест-периодот, без казни. И тоа е заслуга на македонските граѓани, на сите оние што управуваат моторни возила на територијата на СВР Скопје и оние што идат од Гостивар, Велес и оние што живеат во Скопје и управуваат моторно возило - рече Тошковски.
На пратеникот му порача дека треба да говорат за такви проекти во кои се спасуваат човечки животи и кои ќе им помогнат на сите македонски граѓани.
- И за разлика од вас, јас не знам по кој пат, освен Албанците и албанскиот јазик, ќе ги кажам Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и сите други убави македонски граѓани што живаат во оваа убава Македонија. Еднаш излезете на говорницата, ве молам, и кажете ги сите македонски граѓани и да важи за сите македонски граѓани, а не само за едни од македонските граѓани - истакна Тошковски.
Тој истакна дека албанскиот јазик ќе биде употребен во согласност со законот и сите акти што ќе излезат од Министерството за внатрешни работи ќе бидат во согласност со законот. сс/вј/
Фото: МИА архива