• понеделник, 23 декември 2024

Тоти: Реал ми понуди сè, освен капитенската лента

Тоти: Реал ми понуди сè, освен капитенската лента
Рим, 18 мај 2020 (МИА) - Франческо Тоти призна дека бил многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но договорот пропаднал затоа што Шпанците не сакале да му понудат повеќе пари од тоа што го заработувал Раул. Легендата на Рома одби трансфер во Реал и заврши како лојален војник на „римската волчица“ и не го напушти клубот во текот на целата своја кариера. - Бев 80% подготвен да се преселам во Реал Мадрид. Тоа не беше најдобриот период за Рома, иако е вистина дека раководството во тоа време ќе стореше сé што ќе побарав. Реал понуди многу пари. Тие исто така ми понудија многу, се што можев да посакам. Требаше да добијам договор од 25 милиони евра. Тие ми понудија сè, освен капитенската лента, бидејќи Раул беше таму. Тој беше играч кој мораше да заработува најмногу, изјави Тоти.

Тагови

Остани поврзан