Тоти ќе размисли за враќање во Рома по промената на сопственоста
- Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, одговори на прашањето дали е подготвен да заземе едно од работните места во клубот, откако бизнисменот Дан Фридкин го купи клубот од Џејмс Палота.

Рим, 10 март 2020 (МИА) - Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, одговори на прашањето дали е подготвен да заземе едно од работните места во клубот, откако бизнисменот Дан Фридкин го купи клубот од Џејмс Палота.
Претходно беше објавено дека заврши трансакцијата за продажба на „римската волчица“.
- Ако ме повикаат, јас ќе одговорам. Ќе ја разгледам можноста. Ниогаш не вели никогаш, изјави Тоти за италијанските медиуми.
Четириесет и тригодишниот Тоти, откако ја заврши кариерата, беше директор на Рома од 2017 до 2019 година. Тој подоцна го напушти клубот поради конфликт со менаџментот. зс/