• петок, 05 декември 2025

Тотенхем се приклучи во трката за Родриго

Тотенхем се приклучи во трката за Родриго

Мадрид, 23 јули 2025 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем се приклучи во трката за фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, објави шпанскиот весник „АС“.

Порано беше објавено дека Ливерпул, Арсенал, Челзи и Баерн се заинтересирани за 24-годишниот Бразилец. 

Мадридскиот клуб сака да добие најмалку 100 милиони евра за својот играч.

Во сезоната 2024/25, Родриго одигра 54 натпревари на сите турнири, постигна 14 гола и имаше 11 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан