• вторник, 07 јануари 2025

Тотенхем потпиша договор со голманот Кински

Тотенхем потпиша договор со голманот Кински

Лондон, 5 јануари 2025 (МИА) - Голманот на Славија Прага, Антонин Кински се согласи на соработка со премиерлигашот Тотенхем.

Според прес-службата на англискиот клуб, 21-годишниот Кински потпишал договор до 2031 година и ќе го носи бројот 31.

Фудбалерот е син на поранешниот голман на Чешка, Антонин Кински. 

Во 2024 година, Кински Јуниор го имаше своето деби во Чешкиот шампионат во мечот со Словачка и во Лигата на шампионите во натпреварот против Унион.

Оваа сезона 21-годишниот Чех прими 18 гола на 29 натпревари за Славија во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан