• петок, 05 декември 2025

Тотенхем започна разговори со Манчестер сити за трансферот на Савињо

Тотенхем започна разговори со Манчестер сити за трансферот на Савињо

Лондон, 11 август 2025 (МИА) - Крилниот фудбалер на Манчестер сити, Савињо, може да ја продолжи кариерата во Тотенхем, објавува новинарот Фабрицио Романо.

Раководството на лондонскиот клуб започнало разговори за трансферот на 21-годишниот Бразилец. Самиот играч е отворен за преселба во нов тим. 

Тренер на Тотенхем, Томас Франк, сака да го види Савињо во својот тим.

Савињо игра за Манчестер сити од летото 2024 година. Тој има 48 натпревари за англискиот клуб, постигна три гола и имаше 13 асистенции. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан