• петок, 19 јули 2024

Тотенхем договори нов договор со Лорис до 2024 година

Тотенхем договори нов договор со Лорис до 2024 година
Лондон, 21 јануари 2022 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем се договори за продолжување на соработката со голманот Уго Лорис. Според новинарот Фабрицио Романо, Спарс наскоро ќе објават продолжување на договорот со 35-годишниот Французин до крајот на јуни 2024 година. Лорис е во Тотенхем од август 2012 година. Во сезоната тековната сезона, голманот одигра 22 натпревари за тимот од Лондон и прими 27 гола, а на осум средби не беше совладан. Актуелниот договор на играчот е со важност до крајот на јуни оваа година. зс/

Остани поврзан