• среда, 14 јануари 2026

Торино преку Рома до четвртфиналето на Купот на Италија

Торино преку Рома до четвртфиналето на Купот на Италија

Рим, 14 јануари 2026 (МИА) - Торино ја победи Рома со 3:2 во осминафиналето на Купот на Италија. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Че Адамс постигна два гола за Торино, а во двата наврати асистираше Никола Влашиќ. Емирхан Илхан исто така постигна гол за гостите. Марио Ермосо и Антонио Арена беа стрелци за домашната екипаисто така постигнаа голови за тимот од Рим.

Рома е елиминирана од турнирот, а Торино ќе се соочи со Интер во четвртфиналето, кој претходно ја победи Венеција со 5:1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан