• понеделник, 23 декември 2024

Тора ги повика граѓаните на Леида да го почитуваат карантинот

Тора ги повика граѓаните на Леида да го почитуваат карантинот
Барселона, 13 јули 2020 (МИА) - Каталонскиот премиер Ким Тора денеска ги повика граѓаните на градот Леида да ги слушаат владините наредби за карантин по порастот на случаите со коронавирус, и покрај одлуката на судијата да се забрани карантин. Тора на прес-конференција изјави дека е невозможно да се прифати одлуката на судијата поради ризикот од пренесување на инфекцијата, додавајќи дека неговата влада ќе усвои уредба за справување со се поголемиот број случаи во регионот. Еден шпански судија им забрани на каталонските власти да затворат околу 160 000 луѓе во своите домови во градот Леида и уште седум други градови во период на зголемен број заразени. паг/

Остани поврзан