• вторник, 14 мај 2024

Топлотните бранови во Франција веројатно предизвикаа 2.816 смртни случаи

Топлотните бранови во Франција веројатно предизвикаа  2.816 смртни случаи
Париз, 22 ноември 2022 (МИА) - Три последователни топлотни бранови и Ковид-19 најверојатно предизвикале повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи во Франција во текот на ова лето, соопшти Министерството за здравство. Вкупно 10.420 смртни случаи се регистрирани помеѓу 1 јуни и 15 септември во второто најжешко лето во Франција од 1900 година, покажаа податоците од Министерството. Од нив, 2.816 се случија за време на три „епизоди“ на тревога за топлотен бран, од 14 до 22 јуни, од 9 до 27 јули и од 29 јули до 14 август. Најпогодени беа постарите лица, со 2.272 од 2.816 смртни случаи за време на топлотните бранови. Станува збор за луѓе на возраст од 75 или повеќе години. За време на тие топлотни бранови, регистрирани се 894 смртни случаи поврзани и со Ковид-19 во болниците и медицинските установи. бд/зш/

Остани поврзан