• четврток, 27 јуни 2024

Топлиот бран продолжува, наместа можни и температури од 40 степени

Топлиот бран продолжува, наместа можни и температури од 40 степени

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) -  Во следните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло, најавуваат од УХМР.

Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени.

Денеска ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. сст/лв/

фото МИА архива 

Остани поврзан