• четврток, 11 јули 2024

Тонали ги помина медицинските прегледи во Милан

Тонали ги помина медицинските прегледи во Милан
Милано, 9 септември 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали беше на медицински прегледи во Милано и се очекува вечерва да го потпише петгодишниот договор со неговиот нов клуб. По тестовите, тој се врати во својот хотел, а подоцна денес ќе пристигне во „Каза Милан“ за да го стави својот потпис на договорот со „росонерите“. - Многу сум среќен, поздрав до сите навивачи, рече Тонали пред новинарите и приврзаниците кои го чекаа пред медицинскиот центар. Неговиот трансфер се очекува официјално да биде објавен во доцните часови на денот или утре.

Тагови

Остани поврзан