• петок, 15 ноември 2024

Токсичен микс од ризици од рецесија виси над светската економија

Токсичен микс од ризици од рецесија виси над светската економија
8 април 2022 Економист Пред само една година, светските економисти го прославуваа брзото враќање од рецесијата. Сега нив ги загрижува тоа дека следната рецесија, може да „ѕирка“. Во Америка, Федералните резерви се подготвуваат да се соочат со висока инфлација, преку нагло зголемување на каматните стапки и намалување на билансот на состојба. Во Европа, скапата енергија ги цеди потрошувачите кои ја користат и ги прави фабриките поскапи за одржување. Во Кина пак, појавата на варијантата омикрон на коронавирусот, доведе до тоа властите да воведат најстроги „локдауни“, од почетокот на пандемијата. Станува збор за мрачна комбинација за глобалниот раст, а изгледите се сè помрачни. Неколку економии може дури и да претрпат рецесии, но во различно време, во зависност од тоа со какви пречки ќе се соочат. Економијата во САД е прегреана. Годишната стапка на инфлација на потрошувачките цени е 7,9 отсто, а саатниците се за 5,6 проценти повисоки од пред една година. Америка има речиси двојно повеќе отворени работни места, отколку невработени лица - највисок сооднос во последните 70 години. Во поголемиот дел од 2021 година, централните банкари се надеваа дека Американците кои ја напуштија работната сила, по ударот на пандемијата, ќе се вратат, помагајќи да се залади пазарот на трудот. Во последните шест месеци, нивните молитви добија одговор: се вратија повеќе од половина од исчезнатите работници на главна работна возраст. Растот на платите сепак се зголеми, можеби затоа што работниците напорно преговараат, бидејќи поскапените цени го нарушуваат животниот стандард. На ФЕД му треба раст и на платите и на цените, за да се „олади“, ако сака да ја достигне целта за инфлација од два отсто. Се очекува да ги зголеми краткорочните каматни стапки, што ја започнаа годината под 0.25 проценти, до над 2.5 до декември, за да продолжат да се зголемуваат над три отсто во 2023 година. Оваа недела централната банка го следеше планот за намалување на сопствените обврзници од 8,5 трилиони долари, почнувајќи во мај, со многу побрзо темпо, отколку во последниот период на „квантитативно затегнување“. Притискањето на монетарните сопирачки, иако е неопходно, го загрозува растот. Историјата сугестира дека на ФЕД му е тешко да го смири пазарот на трудот, без, евентуално, доведување на економијата во рецесија. Имаше „меко слетување“ само три пати од 1945 година. И никогаш не е направено додека се има борба со висока инфлација. Инвеститори во обврзници се обложуваат дека за две години, ФЕД ќе мора повторно да ги намали стапките, бидејќи економијата слабее. Со оглед на искуството, рецесија во следните две години, изгледа, веројатно. И Европа има проблем со инфлација, но досега, таа е предизвикана повеќе од скапите увезени енергија и храна, отколку од прегорување. Руската инвазија на Украина и западните санкции го загрозуваат снабдувањето со енергија на континетот. Цените на бензините за следната зима се пет пати повисоки отколку во Америка, а потрошувачката на енергијата во домаќинството е речиси двојно повисока од уделот во БДП (делумно затоа што Европа е посиромашна). Како цените на енергијата се зголемија, довербата на потрошувачите спласна. Компаниите исто така се мачат: француското индустриско производство доживеа пад во февруари. Економијата на еврозоната веројатно сè уште ќе расте во 2022 година како целина. Но, изгледа кревко. Дали Европа ќе запре со увоз на руски гас - поради тоа што ќе одлучи или затоа што снабдувањето е прекинато - опасноста од рецесија ќе се зголеми. Заканата за глобалниот раст од појавата на омикрон во Кина, е најтешка и непосредна. Кина евидентираше над 20.000 нови случаи на вирусот на 6 април. Бидејќи Владата е решена да го елиминира Ковид-19, 26-те милиони жители на Шангај, како и останатите на други поголеми градови, каде вирусот е присутен, се под строг „локдаун“. Доколку минатата врска меѓу „локдаун“ и БДП се држи, производството на Кина во реално време ќе биде 7,1 отсто пониско, отколку во светот без ограничувања, според Goldman Sachs. „Локдауните“, исто така, ќе ја нарушат глобалната трговија, која сè уште „се бори со мамурлак“ од почетокот на пандемијата. Шангај е најновото глобално пристаниште, каде се гледаат стотици бродови што се враќаат, чекајќи да се товарат или истоварат. Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика властите да ги намалат трошоците за нивните ограничувања. Но, ако се отворат прерано, континентална Кина ќе доживее бран на инфекции и смртни случаи, како тоа што неодамна го погоди Хонг Конг. Тоа би ги исплашило потрошувачите и би станало извор на економски пореметувања само по себе. Сè додека Кина не ги вакцинира своите постари граѓани во доволен број, користејќи ги најефективните напади, заклучувањето ќе биде трајна карактеристика на нејзината економија и извор на глобална нестабилност. Вината за неволјата на светската економија е директно кај креаторите на политиката. Задачата на ФЕД треба да биде да го одземе боксот токму кога забавата започнува; наместо тоа, претседаваше со излив. Европските Влади дозволија континетот да биде зависен од рускиот природен гас. А тешкотиите на Кина за да го победи омикрон, беа предвидливи, па и очекувани. Економските проблеми често се појавуваат како гром од ведро небо. Денешниот страв од рецесија, можеше да се избегне. бд/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан