• четврток, 28 март 2024

Тишнер за МИА: Не е дојден крајот на евтините авиобилети,  на цените влијаат бројни фактори

Тишнер за МИА: Не е дојден крајот на евтините авиобилети,  на цените влијаат бројни фактори

Скопје, 20 мај 2023 (МИА) - Колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за него. Евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите, што порано, порача во интервју за МИА, Роланд Тишнер, извршен директор и офицер за операции во „Визер Унгарија“. 

Тој деновиве присуствуваше на настанот на скопскиот аеродром, каде беше најавен нов, шести воздухоплов на „Виз ер“ во базата во Скопје со што најавија оперирање до 35 дестинации во 15 држави.

Во интервјуто зборувавме и за интересот за работен ангажман  на макеоднски државјаниво авиокомпанијата, за најавите на нови летови со субвенции од Владата, како и за цената на авиобилетите. 

Целото интервју со Тишнер, во продолжение:

Ставате шести воздухоплов тука во базата во Скопје. Што значи тоа? 

- Toa значи нови авиолинии, нови дестинации, нови вработувања како директни во авиокомпанијата, така и индиректни во авиосекторот, и во целост значи пораст, односно добро за целата држава.   

Колку кадри се ангажирани од Северна Македонија, има ли интерес за работен ангажман од македонски граѓани и колку луѓе имате ангажирано досега за овој нов проект?  

- Моментално имаме околу 250 лица што се директно вработени од страна на „Виз ер“, пилоти и кабински екипаж. Но, исто така имаме и луѓе коишто работат во нашите канцеларии. Кога станува збор за новиот воздухоплов, во просек како се нашите пресметки триесетина луѓе  би биле дополнително ангажирани како кабински екипаж и околу 12 пилоти. Тоа се однесува на главните капетани на воздухопловите и првите офицери.   

Министерството за транспорт и врски најави дека до крајот на годината ќе има можеби уште еден повик за субвенционирани летови. Најавени се нови летови со субвенции од Владата. Може ли да очекуваме во иднина и други летови, доколку има повторно повик?  

- Дефинитивно секогаш сме отворени за соработка за нови можности коишто се одржуваат тука и за пораст нели на работењето. Секако дека би биле отворени за нови можности штом има отворен нов повик.  

Што со постојните линии на коишто опериравте со субвенции од Владата, а сега ги опслужувате комерцијално? Дали ги опслужувате сите линии за кои изминатите години добивавте субвенции и кои се плановите за тие релации по истекот на рокот за кој сте обврзани за оперирање?  

- Не знам, не сум сигурен точно кои линии ги имале, тоа е комерцијален дел, односно во друг сектор. Но, она што можам да го кажам е дека во моментов оперираме на преку 30 авиолинии, и секогаш гледаме напред, односно се радуваме на нови можности, без разлика дали со поддршка или без, за пораст на нашата авиокомпанија и операциите.   

Дали е веќе дојден крајот на евтини авиобилети, бидејќи е евидентна разликата на цените?  

- Не, дефинитивно не. Одредувањето на цените е секогаш динамично. Одредувањето на цените секогаш е нели под влијание на бројни други фактори и секогаш ние го правиме, динамиката ни е на одредување на цените, како и на останатите авио компании. Еден од факторите којшто влијае врз одредувањето на цените, е, секако побарувачката. И од особено значење е, кога патниците ги купуваат нивните авиобилети, односно датумот нели кога се купува, до датумот кога треба да се реализира летот. Она што сакам да го кажам со ова, е, дека колку порано го купите авиобилетот, толку подобра цена може да добиете за истиот. Исто така, други трошоци, односно фактори, коишто влијаат врз одредувањето на цената, се трошоците за самото работење односно за операциите. Цените на горивото и секако трошоците за работна сила, односно за вработувањата и нашите вработени. Но, сите овие фактори може да бидат, нели се променливи, сите може во исто време и да влијаат и да не влијаат на одредувањето на цените. Но, она што секогаш го правиме, е, да понудиме најдобри, да дадеме најдобра понуда и најпристапна за нашите патници. Така што, евтини цени на летовите се важни и она што јас би го препорачал на сите, е, да си ги набават, односно да ги купат авиобилетите што порано, нели, да добијат подобра цена и да ги купуваат директно од нашата веб-страница, каде што, нели, може лесно да си добијат подобра цена.  

Дали ќе го вратите повторно летот за Барселона, бидејќи има интерес?  

- Да, дефинитивно слушнав за Барселона неколкупати денес, за враќањето на овој лет. Очигледно со овој капацитет и со моменталната побарувачка, секако, имаме повеќе побарувачка во моментов. Секогаш побарувачката ја оценуваме и правиме анализи на нашата мрежа и секако Барселона, ја разгледуваме нашата мрежа на авиолинии во целост, а секако и Барселона не е изоставена со тоа што не можам да ветам ништо, но, сепак се разгледува. 

Блаже Дарудов

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан