• петок, 20 декември 2024

Тимот на Навални соопшти за протести во некои делови на Русија за време на претседателските избори

Тимот на Навални соопшти за протести во некои делови на Русија за време на претседателските избори

Москва, 17 март 2024 (МИА) - Тимот на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални соопшти за протести во Русија на денешниот последен ден од претседателските избори во земјата против очекуваниот реизбор на Владимир Путин за шеф на државата, јави ДПА.

Во источните руски градови како Владивосток, Новосибирск, Омск, Иркутск, луѓето учествуваа во кампањата „На пладне против Путин“, како што тимот на Навални покажува на преноси во живо на Јутјуб.

На гласачките места во Екатеринбург на Урал се наредени стотици луѓе.

Другите противници на Путин, како што е прогонетиот бизнисмен Михаил Ходорковски, кој живее во Велика Британија, ги повикаа луѓето да не се плашат и да учествуваат во кампањата.

Првите изборни резултати се очекуваат по затворањето на последните избирачки места во западен Калининград во 19 часот по локално време. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан