• петок, 05 декември 2025

Тиаго Алмада во мадридски Атлетико

Тиаго Алмада во мадридски Атлетико

 

Мадрид, 16 јули 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид ги засили своите редови за новата сезона со 24-годишниот Аргентинецот Тијаго Алмада.

Аргентинскиот репрезентативец претходно беше член на бразилски Ботафого, а пролетниот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Лион.

За францускиот клуб Алмада постигна два гола и додаде пет асистенции.

Офанзивниот играч од средниот ред беше член на аргентинската репрезентација која го освои Светското првенство во Катар во 2022 година, а досега одигра 10 натпревари во националниот дрес и постигна четири голови. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан