• недела, 22 декември 2024

Тешко повреден градежен работник при работа на зграда во Гостивар

Тешко повреден градежен работник при работа на зграда во Гостивар

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Во СВР Тетово вчера во 13.45 часот било пријавено дека при извршување работни задачи на станбена зграда на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, 49-годишниот гостиварец И.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Повредите, како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, биле констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. бд/лв/

Фото: Архива

Остани поврзан