• сабота, 18 мај 2024

Тешко повредено седум годишно девојче во сообраќајка во Тетово

Тешко повредено седум годишно девојче во сообраќајка во Тетово
Тетово, 12 мај 2021 (МИА) - Седум годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна незгода во Тетово што се случила попладнево околу 17 часот, откако во неа удрило возило. Поради повредите по укажаната помош во тетовската клиничка болница е однесено на скопските клиники. - Во СВР Тетово е пријавено сообраќајна несреќа на улицата „Јане Сандански“ во која патничко возило форд фокус со скопски регистарски таблици управувано од женско лице на 34 години од Тетово удрило во малолетно девојче-пешак. Повреденото девојче е однесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово. ас/мс/

Остани поврзан