• петок, 19 јули 2024

Тешко повредени двајца млади од неготинско Тремник во сообраќајна несреќа

Тешко повредени двајца млади од неготинско Тремник во сообраќајна несреќа

Неготино, 9 јуни 2024 (МИА) - Двајца млади од неготинско Тремник синоќа се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Во 23.30 часот во Полициската станица - Неготино било пријавено дека во селото се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл управуван од М.Ш., на возраст од 21 година и моторцикл „хамачи“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 19-годишното лице со иницијали А.Ш., двајцата од Тремник. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти, констатирани во ЈЗУ - Неготино, појаснуваат оттаму.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Неготино.

Рано изутринава пак, во два часот, полициски службеници од Полициската станица - Кавадарци, го лишиле од слобода Д.Ј., на возраст од 36 години од овој град, бидејќи откако бил сопрен со неговото патничко возило „БМВ“ со кавадаречки регистарски ознаки, агресивно се однесувал и ги омаловажувал полициските службеници.  

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. свд/бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан