• петок, 19 јули 2024

Тешко повредена 19-годишна гостиварка по удар од возило

Тешко повредена 19-годишна гостиварка по удар од возило

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Рано изутрина околу два часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Живко Брајковски" во Гостивар, патничко моторно возило удрило во 19-годишната гостиварка К.С. и го напуштило местото, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, К.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан