• петок, 28 јуни 2024

Тешко повредена малолетничка во Скопје по пад од електричен тротинет

Тешко повредена малолетничка во Скопје по пад од електричен тротинет

Скопје, 2 септември 2023 (МИА) - Малолетничка од Скопје се здобила со тешки телесни повреди по пад од електричен тротинет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Илинден“, малолетничка управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Малолетничката била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, појаснуваат од МВР. бд/бак/

Фото: Архива

Остани поврзан