Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш, патниот правец е во целосен прекин
- Заради тешка сообраќајна несреќа кај селото Владевци, на магистралниот пат Струмица - Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин во двата правца.

Струмица, 13 мај 2023 (МИА) - Заради тешка сообраќајна несреќа кај селото Владевци, на магистралниот пат Струмица - Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин во двата правца.
Според првичните информации од полицијата, во сообраќајката, која се случила во 18:40 часот, учествувале мотоцикл и автомобил, но оттаму засега немаат информации за повредени или загинати.
АМСМ информираше за сообраќајката по 19 часот и дека сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
Од полицијата повеќе детали најавуваат за подоцна. рт/са/
Фото: МИА архива