• среда, 25 декември 2024

Тешка група за македонската ракометна репрезентација на ЕП 2022

Тешка група за македонската ракометна репрезентација на ЕП 2022
Љубана, 28 април 2022 (МИА) – Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија. На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи: А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швајцарија. Во Б-групата ќе играат: Данска, Шведска, Словенија и Србија. Партиципиенти во Д-групата се: Полска, Црна Гора, Германија и Шпанија. Пласман во втората фаза ќе изборат трите првопласирани кои ќе продолжат во две групи од по шест селекции. Освен Скопје, домаќини на другите три групи се Љубљана (А-група), Целје (Б-група) и Подгорица (Д-група). зс/

Остани поврзан