• сабота, 23 ноември 2024

Техничкиот премиер Џафери ќе учествува на 60. Минхенска конференција за безбедност

Техничкиот премиер Џафери ќе учествува на 60. Минхенска конференција за безбедност

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од утре до 18 февруари учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува во Минхен.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на тридневната конференција, премиерот Џафери ќе присуствува на повеќе централни и придружни настани, а ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Фокусот на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција е на улогата на Европа во безбедноста и одбраната, и во таа насока, на значењето на проширувањето на ЕУ, а во контекст на ситуацијата во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Премиерот Џафери, за овие и за други актуелни прашања од значење за Република Северна Македонија и за регионот, ќе разговара и на предвидените билатерални средби со претставници на високо политичко ниво од Европа, регионот и светот.
 
Минхенската безбедносна конференција, се фокусира како на традиционалната национална или воена безбедност, така и на економските, еколошките, трансатлантските и човечките димензии на безбедноста. 

Се очекува и годинава на Минхенската безбедносна конференција, преку дебатите на панелите да се адресираат можните решенија за најитните безбедносни предизвици во светот. ев/

 

Остани поврзан