Техеран: Апелот на Трамп за мир со Иран е спротивен на постапките на Вашингтон
- Апелот на претседателот на САД, Доналд Трамп за мир со Иран е спротивен на постапките на Вашингтон, кој го поддржа израелското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, се наведува во денешното соопштени од иранското Министерство за надворешни работи
Техеран, 14 октомври 2025 (МИА) – Апелот на претседателот на САД, Доналд Трамп за мир со Иран е спротивен на постапките на Вашингтон, кој го поддржа израелското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, се наведува во денешното соопштени од иранското Министерство за надворешни работи.
- Министерството за надворешни работи оценува дека желбата за мир и дијалог што ја изрази американскиот претседател е во спротивност со непријателското и криминално однесување на САД кон иранскиот народ, соопшти Техеран.
Трамп, во вчерашното обраќање пред Кнесетот, изјави дека Вашингтон е подготвен да склучи мир со Иран и оти „ниту САД ниту Израел негуваат никакво непријателство кон иранскиот народ“.
- Ние едноставно сакаме да живееме во мир. Дури и за Иран, раката на пријателство и соработка е подадена, истакна вчера Трамп.
Израел на 13 јуни почна со бомбардирање на Иран, при што загинаа неколку високи функционери и научници кои работеа на иранската нуклеарна програма, како и неколку стотици цивили. Иран возврати со ракетни и беспилотни летала напади врз Израел, а вооружениот конфликт траеше 12 дена.
На 22 јуни, американската армија, по наредба на Трамп, бомбардираше три големи нуклеарни објекти во централниот дел на Иран.
Во соопштението, на иранското МНР се наведува „како некој може да напаѓа станбени области и нуклеарни објекти во земјата во екот на политичките преговори, да убие повеќе од илјада луѓе, вклучувајќи невини жени и деца, а потоа да тврди дека постои мир и пријателство“.
Судирот заврши со индиректните преговори меѓу Вашингтон и Техеран за нуклеарната програма на Иран. ми/
фото: МИА архива