Тетовската соборна црква Свети Кирил и Методиј ќе одбележи еден век од осветувањето
- Тетовско-гостиварската епархија информира дека во сабота 12 јули во Тетово ќе се одбележи јубилејна годишнина 100 години од осветувањето на Соборниот храм Свети Кирил и Методиј-Тетово. Во тетовската црква Света Литургија по повод јубилејниот датум ќе раководи поглаварот на Македонската Православна Црква.
Тетово, 10 јули 2025 (МИА) - Тетовско-гостиварската епархија информира дека во сабота 12 јули во Тетово ќе се одбележи јубилејна годишнина 100 години од осветувањето на Соборниот храм Свети Кирил и Методиј-Тетово. Во тетовската црква Света Литургија по повод јубилејниот датум ќе раководи поглаварот на Македонската Православна Црква.
-По повод 100 години осветување на Соборниот храм Свети Кирил и Методиј-Тетово на празникот Петровден на 12 јули (сабота), ќе се служи света Литургија во соборниот храм Тетово. На светата литургија ќе чиноначалствува Поглаварот на МПЦ-ОА Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Се поканува верниот народ да присуствува на ова големо торжество за градот Тетово, се вели во соопштението на Тетовско-гостиварската епархија.
Свети Кирил и Методиј е изградена во стариот дел на градот во населбата Два Бреста Изградбата на црквата е почната во 1903 и е завршена во 1918, по што осветувањето е направено на 12 јуни 1925 година.
Од 2010 до 2023 година со 250 икони донација на исто толку православни е извршено фрескоживописувањето на целата внатрешност на тетовската соборна црква, од страна на зографите професорите Венко Цветков и Зоран Бошковски. ас/сст/
фото МИА архива