• петок, 05 декември 2025

Тетовец уапсен поради напад врз сопругата

Тетовец уапсен поради напад врз сопругата

Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Полициски службеници вчера го лишиле од слобода Џ.Р.(41) од тетовско кој бил пријаен од неговата вонбрачна сопруга дека на 25 септември физички ја нападнал и ја заклучувал во домот.  

Како што се наведува во соопштението од полицијата, на 01.10.2025 во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава. ев/са/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан