• петок, 22 ноември 2024

Тетекс со новиот тренер Радески ги почна подготовките за новата сезона

Тетекс со новиот тренер Радески ги почна подготовките за новата сезона

Тетово, 6 јули 2023 (МИА) - Новиот шеф на стручниот штаб на второлигашот Тетекс, Даниел Радески во текот на вчерашниот ден денес ги одржа првата прозивка и првиот тренинг со фудбалерите. Тие се собраа на фудбалскиот терен на Агенцијата за млади и спорт лоциран на Спортскиот центар во Тетово.

 

- Почнуваме со подготовките тука во Тетово. Со управата се разгледуваат можностите за подготовки и пријателски натпревари во Охрид.  Додека сме во Тетово исто така ќе се договораат натпревари, веќе имаме договорено со Беса на 12 јули, изјави Даниел Радески.

 

Во клубот пристапија Михајло Јакимовски од Воска, голманот Астрит Амзаи од Гостивар и Димитри Кочовски од Победа.  ФК Тетекс го напуштија Нинослав Здравковски, Александар Анѓелковски, Димитар Поповски и Емил Скоко.

- Имаме и повеќе млади играчи кои се дојдени на проба, а се водат преговори со неколкумина фудбалери кои би биле засилувања на сите три позиции-одбрана, средина и напад. Мислам дека со тие засилување ќе имаме солидна екипа, изјави Радески.

 

Шефот на стручниот штаб екипата ќе ја води со тренерот на голманите Миле Спирковски.

 

Триесет и осумгодишниот Радески е „дете“ на Тетекс каде ја има почнато својата фудбалска кариера, а воедно е и повратник на позицијата шеф на стручниот штаб со оглед дека го водеше тимот во текот на првите неколку кола.

 

Радески освен за Тетекс, има настапувано за Цементарница, Македонија ЃП и Дрита Боговиње. Има и интернационално искуство со настапи за српскиот тим Чукарички, а бил дел и од младинските репрезентации на Македонија. ас/зс/

 

фото МИА

Остани поврзан